Путин и Трамп на состанок во Виетнам

За време на Самитот АПЕК што ќе се одржи во Виетнам, потврдено е дека состанок ќе имаат Владимир Путин и Доналд Трамп.

Најверојатно Путин и Трамп ќе разговараат за проблемот со Северна Кореја, како и за подобра економска соработка меѓу двете држави.

Подготовката на деталите и темите околу нивната средба е во тек, пренесуваат светските медиуми.

За своето учество на Самитот на азиско-пацифичките земји АПЕК, Трамп изјавил дека би сакал Путин да помогне околу ситуацијата со Северна Кореја, а најавил и состаноци и со други светски лидери.

Не се знае дали на дневен ред е влијанието на Русија врз претседателската кампања на Трамп, што е моментално предмет на истрага на американските служби.

Прочитајте и:  Трамп повика на брз прекин на војната на Израел со Хамас
- Реклама -