Долго време знаеме дека ДНК е одлична за складирање на податоци, но истражувачи од Харвард штотуку откриле колку е ефикасна, складирајќи 5,5 петабити – или 700 терабајти – податоци на само еден грам ДНК.
Целиот процес е доста едноставен, барем теоретски. Се земаат четирите бази, TGAC (Тимин, Гуанин, Аденин и Цитосин) и Т и G се третираат како „1“ а A и C како „0“. Потоа се енкодираат податоците, со 19 битна адреса на почетокот на секоја низа. Така, дури и ако низите се ипреплетени ќе можете да ги најдете по правилниот редослед кога ќе ги прочитате.
Со складирање на неверојатни 700 терабајти во само еден грам, Џорџ Чурч и Сри Косури од Харвард го скршиле претходниот рекорд. За перспектива тоа се 600 милиони флопи дискови или околу 14.000 Blue-Ray дискови. Тоа е доволно простор за околу милион филмови иако Чурч и Косури складирале 70 милијарди копии на најновата книга на Чурч. Сепак има и ограничувања.
Прво, хардверот за секвенцирање на ДНК не е лесно достапен. Второ пристапот до тие податоци не е брз; на најновата технологија ѝ се потребни неколку часа за да мине низ сите податоци. Сепак, ова не е технологија која би се користела за секојдневно складирање туку би била посоодветна за архивирање. Наскоро ќе ги запишуваме триумфите на нашиот вид на истиот материјал кој нè дефинира. [Harvard cracks DNA storage, crams 700 terabytes of data in a single gram]