Бил Гејтс повторно го измислува тоалетот (видео)

Недостигот од соодветни санитарни јазли во светот е еден од најгорливите проблеми со кои се соочува човештвото. Затоа, Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс започнува со повторно измислување на тоалетот.

Четири од десет луѓе на планетава немаат каде да одат по голема нужда. Тоа се преку 2 и пол милијарди жители на планетата кои користат несоодветни тоалети или воопшто немаат тоалети. Ова доведува до загадување на водата и почвата со фекалии, што пак предизвикува многу болести, кои можат да се спречат со малку напор.

Токму затоа, фондацијата на основачот на Microsoft и неговата сопруга, организира „Саем за повторно измислување на тоалетот“. Фондацијата испрати отворена покана до сите иноватори од светот да изнајдат економски исплатливо и санитарно издржливо решение за тоалет, а најдобриот дизајн ќе биде богато награден.

{youtube}fdwvuTrycYU{/youtube}

Некои од најавените дизајни за тоалетот на 21. век се повеќе од иновативни. Предлоежени се тоалети што ќе го претвараат човечкиот измет во гориво, вода, па дури и јаглен. [Building a Toilet Fair]

- Реклама -