Канадската компанија Conquest Vehicles, позната како производител на најдобро заштитениот луксузен теренец на планетата Knight XV, го покажа својот прв неблиндиран модел. Тој ќе се вика Evade, а основната цена му е 580.000 долари.
Теренецот е изграден на платформата на пикап Ford F-550 Super Duty. Тој располага со воздушно потпирање, лесно заменливи делови на каросеријата направени од челик и алуминиум, и се нуди со два мотори – бензинец или дизел.
Засега од компанијата не откриваат никакви технички детали за агрегатите, но според експертите, Канаѓаните сигурно ќе се одлучат за моторот понуден во Knight XV. Тоа е 6,8 литарски V10 со моќ од 400 КС. Овој мотор може да работи со биоетанол, но и со стандарден бензински мотор.
Управувачот, шарките на вратите и скалите се направени од челик, а рачките на вратите од алуминиум. Теренецот ќе се нуди со 2+2 места, а може да се добие преграда меѓу предниот и задниот дел на ентериерот. Нуди и голем екран, камери за ноќно гледање напред и назад и три подвижни проектори на покривот, кои можат да се управуваат од посебен џојстик. За вантрешноста се користени скапа кожа и алкантара.
Објавено во соработка со Авто Плус.