Секому му се случило да не може да се сети дали ја заклучил вратата, и тоа многу пати, макар што на некои им се случува почесто отколку на другите. Е ова е за тие.
Група дизајнери тврдат дека го имаат решението – малечок електронски привезок за клуч, наречен KPHOB, кој ти кажува дали си заклучил или не со тоа што има мал екран на кој го прикажува времето и датумот кога вратата била последен пат заклучена.
KPHOB користи комбинација од два метода на сензорирање со кои го детектира користењето и ротациите на клучот. Пред сé, на вратата која сакаш да ја следиш треба да поставиш мал перманентен магнет. Овој маггнет служи за да го активира сензорот за блискост сместен во привезокот. Како резултат, секогаш кога ќе го доближите клучот до бравата, на 5 см или помалку, направата се буди од „stand by“ состојбата, го регистрира времето и почнува да го мониторира понатамошното движење на клучот. Во следниот чекор, KPHOB користи магнетометар за да ја измери релативната ориентација на привезокот, и со тоа и на клучот кон магнетот.
You would be required to place a tiny permanent magnet on the doors that you want to track. This magnet serves to activate the proximity sensor that is deployed in the key fob. As a result, every time your key fob is in a certain proximity to the door (5 cm or less), it would wake up the device from standby mode, register the time and start monitoring further motions of the key. In the next step KPHOB uses a magnetometer so it can measure the relative orientation of the key fob and consequently the key itself towards the magnet.
Проектот е во фаза на фундирање на Kickstarter.