Тестирањето на лек во Франција отишло во непосакуван правец

testiranje-leka-u-francuskoj-je-poslo-ozbiljno-naopako-body-image-1452870076

Пет лица се во критична состојба, а едно лице е во кома откако тестирањето на еден аналгетик отиде во непосакуван правец во една француска лабораторија. Како што пренесуваат локалните медиуми, се работи за „Биотриал клиниката“ во Рен во француската региа Бретања.

Француското министерство за здравство објави дека сите пациенти биле во добра здравствена состојба пред да го консумираат лекот. Наводно, на клиниката, забранети се сите идни тестирања, а државниот обвинител покрена истрага.

АФП добил информација од извори блиски до истрагата дека аналгетикот содржел канабиноиди-соединениа кои се наоѓаат во канабисот и се користат за некои други лекови, но француската министерка за здравство Марисол Турен ги негираше овие обвинувања.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите
- Реклама -