Во еден од многуте обиди пребарувањето да се направи полесно за сите, Google прикажува уште еден оригинален начин да го пребарате мобилниот сајт Google.com: со вашиот ракопис. Ако го отворите Google.com преку вашиот мобилен или таблет, сè што треба да направите е да ја овозможите оваа функција преку Settings (Enable Handwrite/Save) за да пребарувате со прст или стајлус пенкало. Баш оригинално!
Секако, ова го поставува и прашањето: Дали овој начин на пребарување е побрз? И пред да кажете „Ете го работи во видеото! “, да не заборавиме дека ова е демонстративно видео, па нормално е дека ќе работи беспрекорно. Вистинскиот тест останува на корисниците.
Иако ова не е омилен начин за пребарување на напредните корисници, она што ние можевме да го искусиме е дека ипрепознавањето на нашиот очаен ракопис (после многу години користење тастатура) е неверојатно прецизно. Google Handwrite е навистина кул опција и баш е убаво да се види дека освен со тастатура и гласовно, Google можете да го пребарувате и со малото прсте.
Google Handwrite работи на iOS5+ уреди, Android 2.3+ телефони, Android 4.0+ таблети и е достапен на 27 јазици.
Google Handwrite за мобилни и таблети
{youtube}uyeJXKfAcpc{/youtube}
[Make your mark on Google with Handwrite for Mobile and Tablet Search]