Ротквичката, лутникав „десерт“ за здрава пробава и чиста кожа

Нејзиното латинско име е Raphanus sativus и дословно значи култивирана зелка. Во времето на Римјаните, работниците ги примале ротквичките како плата, додека старите Грци дури им ги принесувале ротквичките како жртви на своите богови.

потквица2

Лековитост и нутритивен состав

Ротквичката е добар извор на бакарот, манганот, калиумот, витамините Ц, К и Б6. Во помали количества поседува калциум, железо, фосфор, цинк и натриум. Помга кај болестите на дишните патишта, особено кај кашлицата и астмата.

Таа е исклучителен лек против жолтицата, бидејќи го нормализира производството на билирубините. Исто така вредна е кај проблемите со жолчката и црниот дроб.

Ако планирате да слабеете, јадете ротквичка поради нејзината ниска калорична вредност, лесната пробавливост, изобилие од влакна и вода кои создаваат подолготрајно чувство на ситост.

ротквица1

Нејзините детоксикациски својства, изобилието на витаминот Ц, фолната киселина и антоцијанините помагаат во лекувањето на неколку видови рак, посебно на дебелото црево, жолчката и грлото.

Ги лекува кожните потешкотии

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Благодарение на своите лековити состојки, ротквичката е одличен лек за витилигото.
Поради застапеноста на витаминот Ц и витаминот Б комплекс применлива е и кај останатите кожни потешкотии.

Маска од изгмечените плодови на ротквичката е делотворно средство за чистење и за хидратизација на лицето и за отстранување на осипите.

ротквица3

Сок од ротквичка за подобра пробава

Помага кај запек, а со цел регулирање на пробавата, консумирајте сок од ротквичката пред оброк.

Ротквичката исто така го поттикнува лачењето на жолчката, го нормализира работењето на жолчниот меур и ги ублажува хемероидите.

ротквица4

Освен наведеното ротквичката се смета за природен диуретик и го отстанува вишокот на течности од организмот, ги ублажува печењето и болката при мокрењето, ги чисти бубрезите и го намалува ризикот од воспаление на уринарниот состав.

Ротквичката не се препорачува на оние што имаат воспаление на слузокожата, желудникот, и цревата, на оние со чир на желудикот, како ни на оние со заболени бубрези.

ротквица5

- Реклама -