ЕУ го менува ставот кон Русија: САД не смее повеќе да ни ги диктира односите

Жан-Клод Јункер: ЕУ треба да ја подобри врската со Русија.

ЕУ мора да ги закрепне “практичните односи” со Русија и да не им дозволува на САД да ја “диктираат” нивната политика, изјави претседателот на Европската комисија, пренесува BBC.

Европско-американските санкции, по кои односите меѓу Брисел и Москва само се влошуваат, и беа наметнати на Русија поради нејзината интервенција во Украина.

„Русија треба да биде третирана пристојно”, рече Јункер.

„Ние треба да вложиме напори за практичните односи со Русија. Не можеме да продолжиме како досега“, додаде претседателот за време на посетата во Пасау во јужна Германија.

Прочитајте и:  Украина првпат ја нападна Русија со американски ракети ATACMS - погодено складиште во Карачев, во Брјанскиот регион
- Реклама -