Австрискиот снабдувач на резерви делови Magna Steyr, во чиј погон се составува теренецот Mercedes-Benz G-класа, претстави свој концептен модел – Mila Plus hybrid.
Како што покажува името, спортското купе е опремено со хибриден агрегат. Во него влегуваат 3-цилиндерски бензински агрегат, комплет акумулатори и два електромотори – еден за предната и еден за задната оска. Вкупната моќност засега не се соопштува. Од компанијата сепак откриваат дека кога агрегатот и двата електромотори работат истовремено – во режим „паралелен хибрид“, каросерија забрзува од 0 до 100 km/h за само 4.9 секунди. А, кога се активираат само двата електрични моторот, забрзувањето од 0 до 80 km/h е за 3.6 секунди, што значи дека комбинацијата е мошне моќна.
Со едно полнење на батериите Mila Plus hybrid може да помине над 500 километри. Само на електрична енергија автономијата на автомобилот е 75 km. Претставник на Magna Steyr е категоричен дека машината е мошне еколошка, нивото на штетни гасови СО2 не надминува 32 g/km.
Во конструкцијата на возилото се користат лесни материјали, а и сите компоненти можат да бидат рециклирани, без тоа да имаат штетно влијание на животната средина. Се очекува концепното купе, чија премиера ќе се одржи на салонот во Женева следната недела, да се најде во серија за околу 3 години.