Дан Акерсон кон Apple: Автомобилите не се играчки

Поранешниот шеф на автомобилскиот гигант General Motors, Дан Акерсон ја предупреди технолошката компанија Apple да не се зафаќа со производство на автомобили, тоа е премногу комплексна работа!

Идниот автомобил на Apple е најголемата вест во последните недели и десетици аналитичари направија детални истражувања каков ќе е бизнис моделот на Apple во овој случај и што точно треба на ова поле да очекуваме од најиновативната компанија. Дан Акерсон, сепак има свој став за ова, а во телефонското интервју за Automotive News навести дека амбицијата на Apple да се зафати со производството на автомобили – едвај ќе им се допадне на акционерите на компанијата.

– Ако размислувате како акционер на Apple, темата за креирање автомобили нема премногу да ве возбуди. Од долгорочна перспектива доколку компанијата заклучи бизнис во овој сектор, сосем јасно е дека следи низок профит, производството бара многу вложувања, скапа опрема и сериозен распон на активностите. Според мене, Apple треба да работи со автомобилските компании и да им обезбеди инфо системи, како и апликации за поврзување. Ако јас сеуште бев на чело на GM, тогаш јас ќе барав овие компоненти да се вградуваат во секој модел на компанијата. Во Apple треба добро да размислат дали се подготвени да влезат во индустриското производство. Овде станува збор за следново – донесуваме едно големо парче челик и го претворивме во автомобил. Сигурен сум дека во Apple немаат идеја како точно се случува тоа, вели Акерсон.

- Реклама -