Поради невозвратената љубов на една Скопјанка, веќе 17 години живее во шума

Милија Сојановиќ (74), од селото Дрешница, Србија, веќе 17 години живее целосно сам и изолиран во природа. Куќата на дрво која ја направил сам, се наоѓа во шума на планината Копаоник. Во осамеништво и далеку од луѓето, Милија одлучил да се оттргне подалеку од општеството, патејќи за невозвратената љубов од една Скопјанка.

blace-milija-stojanovic-u-sumi-2

Во времето кога работел во Скопје, неговата сопруга Пацкана Геровска го напуштила после само една година брак, не можејќи да му ја возврати љубовта. Скршен од болка се вратил во селото Дрешница, каде во период од само неколку години доживеал уште поголем удар. Починале неговиот брат, сестра и мајка. Откако останал сосема сам во куќата, решил во целост да го промени својот живот.

blace-milija-stojanovic-u-sumi-3

Така, веќе 17 години тој живее сосема надвор од цивилизацијата, каде не постои асвалтиран пат кој ќе ве одведе до неговиот дом во природата. Одвреме навреме оди до неговото село Дрешница, или пак до Блаце, од каде зема книги од тамошната библиотека.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

blace-milija-stojanovic-u-sumi-6

Милија вели дека ги обожава делата на Платон и Фројд. Деновите ги минува така што пишува песни за неговата невозвратена љубов.

„Се вратив да ги видам тие прекрасни коси, но убавицата од Вардар не беше веќе тука. Се изгуби на Камениот мост, одејќи, меѓу народот, во вечната река од луѓе“, открива тој дел од своите стихови.

blace-milija-stojanovic-u-sumi-7

Милија не користи пари. Се храни исклучиво со она што ќе го најде во природата, овошни и зеленчукови плодови, како и со риби и ракови од блиската река. Иако неговото живеалиште е навистина скромно, тој досега се нема разболено, и немал потреба да посети лекар.

Сепак, и покрај ваквиот осамен живот, Милија открива дека сака кога е во добро друштво, и дека по некогаш му заигрува срцето кога ќе види убава жена.

blace-milija-stojanovic-u-sumi-8

- Реклама -