Аpple со рекордни приходи: Дознајте колку iPhone се продадени

Apple ги објави финансиските резултати за првиот квартал на фискалната 2015 година, со тоа што само во овој период компанијата забележа рекордни приходи од 74.6 милијарди долари, а нето добивката изнесува 18 милијарди. За споредба, првиот квартал од минатата година и донесе  на Apple приходи од 57.6 милијарди долари, а нето добивка од 13.1 милијарди. За Q1 на 2015 бруто добивката била 39.9%, во споредба со 37.9% за претходната година.

Меѓународна продажба изнесува 65% од приходите за овој квартал.

За овој период Apple има продадено рекордни примероци iPhonе – вкупно 74.5 милиони.

„Нашите приходи се зголемија за 30% во споредба со минатата година”, вели Тим Кук, извршниот директор на Apple.

Во продолжение погледнете ги сите резултати презентирани од страна на компанијата, за првиот квартал на фискалната година:

Приходи: 74.6 милијарди долари, за 30% повеќе од очекуваните 67.5 милијарди долари.

Продажбата на iPhone: 74.5 милиони, за 46% повеќе од очекуваните 65 милиони.

Приходи од iPhone: 51.2 милијарди долари.

Просечна продажна цена на iPhone: 687 долари, очекувани 668 долари.

Продажба на iPad: 21.4 милиони, за 17% помалку од очекуваните 22 милиони.

Приходи од iPad: 9 милијарди долари.

Просечна продажна цена на iPad: 419 долари, очекувани 436 долари.

Продажба на Mac: 5.52 милиони, за 14% повеќе од очекуваните 5.5 милиони.

Приходи од Mac: 6.9 милијарди долари.

Потсетуваме дека претходно овој месец стана јасно дека продажбата на новите iPhone-и во Јапонија, Кина и Јужна Кореја бележат рекордни вредности.

- Реклама -