Напитокот што е наречен „17 на ден“ е најдобар сојузник против грипот, студот и падот на имунитетот.
Дали сте знаеле дека јапонската влада им препорачува на своите граѓани секојдневно да консумираат 17 порции овошје и зеленчук?
Сите дневни потреби за витамини и минерали, како и други хранливи состојки можат да се испијат од една чаша, oдносно благодарение на чудотворниот напиток кој денеска ќе ве научиме како да го подготвите и да им зададете удар на сезонските болести.
Состојки:
1 јаболка
1 крушка
свежа краставичка (коцка со големина од околу 2 см).
1/2 лимет
1 ѓумбир (парче со големима околу 1 см)
1 шака свежи ливчиња спанаќ
1/2 стебленца целер
1/2 средни моркови.
1/2 главици цвекло
1 кришка ананас (дебелина околу 1 см)
1 стебло брокула
тиквица ( парче со големина од 1 см)
љ кришка црвена и жолта пиперка.
Подготовка:
Овошјето и зеленчукот добро измијте ги, исчистете и измиксајте ги во блендер, потоа додадете неколку коцки мраз по желба.
Зошто би требало да пиете од овој сок?
Бидејќи во него се наоѓаат витамините A, B, B1, B2, B3, B6, C, E i K. Содржи бета -каротен, калциум, магнезиум, железо, цинк, селен, натриум, фосфор, калиум, сумпор, бакар и бор. Пијте го затоа што овој рецепт потекнува од земјата која број најмногу стари лица во светот.
Кому се препорачува?
На лицата кои заздравуваат од сезонски грип и настинка, оние кои можеби претерале со алкохол… Едноставно на сите кои сакаат да ги внесат потребните хранливи состојки во организмот.