Ни претстои ладно време и температури под нулата. Доколку немате гаража, голема е веројатноста дека на вашиот автомобил наутро ќе има слој од мраз.Еве како на брз, ефикасен и економичен начин да се ослободите од овој проблем.
Доколку брзате наутро за на работа, а вашата шофершајбна е прекриена со тенок слој мраз, сигурно повеќе пати сте дошле до искушение да го полиете стаклото во врела вода или да го истругате со остар предмет.
Но ова во никој случај не се добри решенија бидејќи во првиот случај ризикувате да пукне стаклото од наглата промена на температурата, а во вториот можете да ја оштетите површината.
Едно од паметните решенија за автомобилите со клима уред е добро познатото одмрзнување со помош на топлиот воздух, при што е потребно малку трпение додека прозорците да се избистрат.
Побрз начин е однапред да го спречите создавањето на слојот мраз врз стаклата со помош на ова домашно направено средство. Се што ви е потребно е да измешате една четвртина оцет со три четвртини вода. Испрскајте ја шофершајбната со оваа течност навечер, и наутро ќе ве дочека беспрекорно чист автомобил.