Smart објави дека компанијата веќе прима нарачки за електричната верзија на моделот Fortwo. Тоа е можно благодарение на почетокот на производството на електричниот субкомпактен модел во фабриката на Daimler во Хамбах, за чија адаптација следеше дополнителна инвестиција во износ од 200 милиони евра.
Серискиот Ѕmart Fortwo electric drive е опремен со електромотор со моќност од 55 kW или 75 коњски сили, во состојба е да се забрза од 0 до 60 km/h за 4.8 секунди и да развие максимална брзина од 125 km/h. Автономијата на автомобилот е 145 километри.
Цената на Ѕmart Fortwo electric drive за Германија е 18.900 евра за верзијата Coupe и 22.000 евра за верзијата Cabrio, со месечна претплата за батеријата од 65 евра. Крајната цена на двата електрични автомобили соодветно е 23.680 и 26.770 евра. Првите испораки на автомобилите кои ќе се нудат во повеќе од 30 земји, ќе бидат кон крајот на летото.
Објавено во соработка со Авто Плус.