Првиот автомобил направен на 3D принтер

3D принтерот е веќе на сосема поинакво ниво со Strati, првиот светски автомобил, пресозден на 3D печатач.

Автомобилот е прв од ваков вид, со тоа што телото и шасијата му се печатени заедно од американската компанија Local Motors. За разлика од други автомобили, кои се произведени денес, Strati е рентабилен и заштедува време за производство на возило.

4(726)

 

Потребни се околу 44 часа колата да биде отпечатена и направена од ABS пластика, засилена со карбонски влакна.

Таа е направена од околу 50 делови, за разлика од илјадниците кои се користат за изработка на обичните автомобили денес.

3(782)

Кога ќе влезе во масовно производство во 2016 година, Strati ќе чини околу 18 000 долари.

Се смета дека таа ќе направи револуција во автомобилопроизводството.

2(824)

- Реклама -