BMW НА ВОДОРОД

Пред неколку години Баварците почнаа да развиваат горивни ќелии и не се откажуваат од идејата наскоро да лансираат свој модел со оваа технологија.

Последната нивна идеја е да ја интегрираат технологијата во новиот електромобил i3.

Се разбира, ништо не е потврдено официјално, но звучи логично по објаснувањето на неколкумина експерти блиски на компанијата. Имено, уште откако BMW и Toyota објавија дека планираат да развијат нов спортски автомобил со заеднички сили, двете компании потврдија дека работат на водород горивни ќелии. Вториот дел од изјавата некако остана во заден план, бидејќи сите френетично почнаа да ја сонуваат „нова Supra“. Според анализите на стручњаците, BMW ќе користи техлогии за горивни ќелии од Toyota FCV, која дебитираше официјално пред некое време, која се очекува да излезе на пазарот во почетокот на следната година.
Засега ништо не е официјално, но се смета дека Германците ќе интегрираат технологијата во своите мали електромобил i3. На што се` ќе е способен новиот модел не е познато, но ги знаеме можностите на Toyota FCV. Сериската Јапонка ќе забрзува до 100 km/h за околу 10 секунди и ќе има максимален опсег од 482 километри.
Текстот е објавен во соработка со avtoplus.mk.
- Реклама -