Компанијата JATO Dynamics ги представи сопствените статистички податоци за продажбата на марките и моделите во Европа за 2014 година. Водечки бренд во јуни, а и по првата половина од годината и натаму е Vokswagen, а најпродаван модел е Golf.
Веќе 3,5 години во континуитет најпродаван модел на Стариот континент е Volkswagen Golf, чии резултати во споредба со јуни 2013 година, се зголемија за 7,5%, односно 43.960 продадени возила. Втората позиција е за Renaut Clio, кој исто така забележа позитива од 12,3%, или 34.606 единици. Следат Ford Fiesta со 27.523 (+6,2%) и Opel Corsa со 26.935 (+3,5%), а во топ пет е и Volkswagen Polo, чија продажба сепак се намалила за 14,5% во однос на јуни 2013, или 22.531 возило.
Редоследот за првата половина од годината е поинаков. На лидерската позиција по шест месеци во 2014 е Golf со реализирани 270.462 единици, што е подобро за 14,2% во однос на истиот период лани. За првото полугодие на втората позиција е Ford Fiesta со 167.941 (+9,3), а натаму следат Renaut Clio – 162.558 (+5,3%), Volkswagen Polo – 140.539 (-1,5%) и Opel Corsa – 133.728 (+1,5%).