Урбаните македонци одбираат да живеат покрај река

Животот покрај река со себе носи еден различен стил на живеење и сосема поинакво искуство.  Ако вашиот дом е со местоположба во близина на река имате огромна можност да го подобрите и да уживате во квалитетот на вашиот живот. Бидете подготвени да се опуштите и да уживате во природата и спокојство кое го нуди животот покрај река. Главните предности на овие домови се зголемените рекреативни можности и поголема естетска вредност.

Голем број на македонски граѓани, следејќи ги светските трендови, посебно на европските метрополи во кои голем број на жители преферираат живот покрај река, во изминатиот период се одлучија  да направат промена во нивните животи купувајќи прекрасни апартмани и станови покрај Кеј на Вардар.

DSC_0689

Како што велат од компанијата Ента Сеал, која е и сопственик на комплексот “Проект К”, се поголем е интересот на јавноста за становите кои нудат поглед на Вардар. Интересот за овие станови е голем пред се поради одлично одбраната локација, која е далеку од сообраќајот, метежот и градска врева, но сепак во непосредна близина на центарот на Скопје.
Целиот комплексот е во вкупна површина од околу 7000м2, а останатиот дел од парцелата се обликува во вид на парк со патеки, зеленило, фонтани, летниковци и детски игралишта – кои се на располагање на сите жители на комплексот.

- Реклама -