Концепт за вертикален печатач

Иако е направа која се користи релативно ретко, печатачот зафаќа голема површина од работниот простор. Да, постојатн неколку печатачи со мал дизајн, но дизајнерот Јанг Џае Вук Sure решил да тргне во нова насока со Circle, концепт за „љубезен печатач“.

Circle е дизајниран да ротира лист хартија околу вертикален барабан пред исфрлање на резултатот, околу направата за да зафаќа што е можно помалку простор. За разлика од концептот за цилиндричен принтер кој бил претставен од Samsung пред неколку години, Circle користи традиционален механизам за печатење кој е едноставно поставен вертикално.

Иако дизајнот на Circle изгледа прекрасно сепак тој најверојатно ќе создава листови кои ќе мора да бидат измазнети пред употреба. Сепак, идејата за печатач кој зафаќа малку простор е одлична и се чини како сосема логична, прашањето е зошто никој не создал вакво нешто претходно. [‘Circle’ printer concept flips conventional design on its axis]

- Реклама -