За време на минатонеделниот финален натпревар од Лигата на Шампиони на UEFA, компанијата Ford Motor изјави дека се пријавиле преку 9,300 учесници со цел да резервираат еден од првите 500 нови Ford Mustang модели за Европа.Ford ги доби првите 500 пријави за резервација на нов Ford Mustang во првите 30 секунди од натпреварот во кој Real Madrid CF го победи Club Atlético de Madrid со 4-1 во продолженија. Следната година, кога ќе започне продажбата, новиот Ford Mustang ќе биде првиот од својот вид достапен низ Европа.
„Знаевме дека ќе се создаде голема фама околу доаѓањето на новиот Mustang во Европа, но реакцијата за време на финалниот натпревар беше извонредна,” изјави Roelant de Waard, заменик-претседател на Маркетинг, продажба и услуги за Ford во Европа. „Навистина е извонредно да се започне вака ерата на Mustang во Европа“, додава тој.
Новите 500 Mustang возила беа наменети за 20 држави. Во следните неколку недели Ford ќе ги контактира клиентите од тие држави за да ги извести дека пријавите се успешно примени. При крајот на годината, секој клиент ќе биде поканет да ја доврши својата нарачка во локалните претставништва.
Моделите со засечен заден дел во Race Red боја и моделите кабриолет со Magnetic Silver боја беа достапни, и двата модела вклучуваа специјален пакет на опрема. Клиентите исто така имаа избор помеѓу новиот 2.3-литарски EcoBoost мотор на Форд со над 309КС (коњски сили) и обртен момент од 407 Nm (њутн метри), или 5.0-литарскиот V8 мотор кој испорачува над 426КС и обртен момент од 529Nm.
Овие 500 модели ќе бидат опремени и со систем за навигација и врски Ford SYNC 2; седишта со систем за загревање и вентилација; сензори за паркирање, ентериер од црна кожа, хромирани детали и 19-инчни алуминиумски тркала.
Како официјален застапник на возила за Лигата на шампиони на УЕФА за сезоната 2013/2014, Ford обезбеди преку 900 возила за официјална употреба. Повеќе од 200 Ford возила ги превезуваа VIP личностите и официјалните лица на финалниот натпревар, а Ford Mustang го превезуваше и победничкиот трофеј од Шампионскиот фестивал на УЕФА до стадионот Estádio do Sport Lisboa e Benfica во Лисабон.