Прекрасниот живот на Меси

Лионел Меси штотуку потпиша договор кој ќе го направи најдобро платениот фудбалер во светот, со плата од 27 милиони долари годишно. На 26 години се смета за еден од најдобрите играчи денес, а освен тоа прави по 40 милиони долари годишно. И покрај сето ова, тој го чува својот личен живот од јавноста. Се разбира, живее во луксуз. Вози автомобил за 200 000 долари и живее во прекрасна куќа. Минатата година Меси заработил 41.3 милиони долари, што е на второ место по доход меѓу фудбалерите, по  Кристијано Роналдо.

Надвор од стадионот тој прави 21,5 милиони долари од реклами. Неговиот најголем спонзор е Adidas. Компанијата му плаќа 4 милиони долари годишно.

Меси има договори и со Жилет и Самсунг.

Тој е толку вреден за клубот, што  ако некој тим го купи, ќе мора да и надомести на Барселона  340 милиони долари.

За Меси не се знае многу. Тој не сака да говори јавно за личниот живот.

Неговиот автомобил вреди околу 240.000 долари.

Тој и неколку негови роднини живеат во огромна палата во Барселона.

Тој се уште е сопственик на домот, во кој што израснал во Аргентина.

Неговата девојка се вика  Антонела Рокуцо. Двајцата пораснале во еден ист град во Аргентина и се од пријателски семејства.

Имаат син,  Тиаго. Името на детето е испишано на копачките со кои Меси игра на теренот.

Меси има профил во Instagram, каде сепак не се фали со начинот на живот и повеќето слики се доста скромни. Ова е добро, бидејќи никој не знае ништо зачинето за него, па луѓето ги коментираат само неговите квалитети на теренот. Нешто што не може да се каже и  за Кристијано Роналдо.

- Реклама -