Двегодишно девојче станало член на Менса

georgiamen2106Двегодишната Џорџија Браун од Велика Британија стана најмладиот женски член на Менса откако постигнала резултат 152 на тестот за интелигенција. Пропорционално со нејзината возраст ова ја става на исто рамниште со физичарот Стивен Хокинг.


georgiamen2106_468x592Двегодишната Џорџија Браун од Велика Британија стана најмладиот женски член на Менса откако постигнала резултат 152 на тестот за интелигенција. Пропорционално со нејзината возраст ова ја става на исто рамниште со физичарот Стивен Хокинг.

Родителите прво забележале дека нивното најмало дете многу брзо учи. Лазела на 5 месеци, проодела на 9 месеци, на 14 месеци сама се облекувала, а на 18 месеци веќе знаела да разговара со соговорник.

Професорката Џоан Фримен, специјалист за образовна психологија, го применила тестот Стамфорд-Бинет за интелигенција и тој немал доволно голема вредност за да ја регистрира интелигенцијата на девојчето.

Откако постигнала резултат од 152 на тестот од Менса, Џорџија добила покана за членство во Менса и сега таа е еден од 30 членови помлади од десет години.

Сепак, родителите велат дека Џорџија се однесува како и секое дете на нејзина возраст. Има испади на плачење, оди на часови по балет, танцува, сака да и читаат приказни пред спиење, а дури гледа и телевизија.

Менса е организација во која членуваат луѓе со висока натпросечна интелегенција. За да се зачлените треба на тестот да постигнете резултат од минимум 148.

Само 2% од вкупната светска популација има толку висок коефициент на интелегенција. Главнината од луѓето на тестот постигнуваат резултат околу 100. [Two-year-old 'Matilda' becomes youngest ever girl in Mensa]

виа.

- Реклама -