Германските автомобили прогласени за најбезбедни

Германскиот клуб на автомобилисти, ADAC, којшто се занимава со помош и спасување на патишта, традиционално креира листа на најбезбедни автомобили. За првпат, германските производители се апсолутни шампиони.

Според статистиката минатата година специјалните екипи од ADAC помогнале во над 4 милиони несреќи на патишатата и улиците во Германија. Воедно бројката на елиминирани дефекти е скоро двојно поголема.

За составувањето на листата за доверливост, анализирани се вкупно 230 000 случаи на оштетување во 2011 година. По спроведеното истражување за прв пат следи мислењето дека локалните брендови се поотпорни, без разлика дали машините се произведени на територијата на Германија или во други земји.

Во најмалата класа победник е Ford Ka, следен од Renault Twingo и Toyota Aygo. Во следниот сегмент првото место е за MINI, кој го надмина единствениот јапонски претставник Mitsubishi Colt, а на третото место се најде Opel Meriva. Во последната категорија од ниските класи победници се Mercedes A и B класа, со ист број на бодови, следени од BMW Series 1.

Во средната класа на прво место е Audi A5, кој со голема разлика ги надмина Audi Q5 и BMW X3. Поранешните лидери во квалитет Toyota Avensis и Mazda 6 овој пат не се наоѓаат дури и во првите 10.

Во возилата од бизнис-класа на првата позиција повторно е Audi, овој пат со моделот А6. Второто и третото место се за BMW серија 5 и Mercedes E класа. Последната категорија е за комерцијални возила, каде лидер е Volkswagen Transporter T5. Германскиот ван е поуспешен од  конкуренцијата од сонародникот Mercedes Vito/ Viano и италијанскиот Fiat Ducato.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -