Apple работи на нов, џиновски iPad

Apple дефинитивно ја зголемува популарноста на iPad преку соопштението во кое се вели дека наредните плaнови на овој гигант се лансирањата на 2 нови iPad mini и претставувањето на 5-тта генерација на iPad.

Се сугерира дека компанијата со седиште во Купертино ќе лансира далеку поголем модел кој ќе се натпреварува во истата трка заедно со Ultrabooks и помалите notebooks.

Giant-Apple-Store-iPad-back

Наоколу веќе започнаа гласините околу Apple и неговите неодамнешни преговори со некои добавувачи од Кореја кои би можеле да бидат вмешани во футуристичката верзија на iPad со неверојатен 12.9 инчен дисплеј!

Huge-Giant-Apple-Store-iPad-needs-Jailbreak-Me

Се верува дека името на овој убавец ќе биде ‘iPad maxi’, а неговата батерија ќе има исклучително долг век на траење, а на пазарот можеме да го очекуваме веќе од наредната година.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -