Еве како се добива гратис Samsung Galaxy S4

Дали сте спремни да гледате во Samsung Galaxy S4 точно еден саат, без да го помрднете погледот?

Samsung заедно со Швајцарскиот Swisscom, измислија натпревар во кој би требало да “зјапате” во Galaxy S4, 60 минути без да го свртите погледот од него, а доколку издржите го добивате Galaxy S4 гратис. Натпреварот е организиран како дел од промоцијата на Galaxy S4 во Швајцарија.

Видеото кое го гледате подоле е снимено на главната станица во Цирих, а ке има уште три вакви натпревари во Луцерн, Берн и Лозана.

На видеото се гледа дека организаторите се погрижиле да има неколку изненадувања кои ќе го направат предизвикот потежок.

Дали вие сте спремни да “зјапате” во Galaxy S4 еден час, за да го добиете гратис?

[youtube]http://youtu.be/CsGlzu2NzX0[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со МкКод

- Реклама -