12 креативни и контроверзни реклами за ракот на дојката

Повеќе...Ви претставуваме реклами кои иако се креативни, можат да предизвикат контроверзија. Како и да е, едно е сигурно: нивната намена е од голема важност, па затоа не смеат да се занемарат. Имено, целта на овие реклами е да покренат внимание за една многу важна работа – ракот на дојката.

Ви претставуваме реклами кои иако се креативни, можат да предизвикат контроверзија. Како и да е, едно е сигурно: нивната намена е од голема важност, па затоа не смеат да се занемарат. Имено, целта на овие реклами е да покренат внимание за една многу важна работа – ракот на дојката.

Дали сте преоптоварени со вистинските работи?
a97189_g127_1-singapure
Оваа кампања за рак на дојката во Сингапур е дело на компанијата DDB Group. Идеата е дека жените не треба да се преоптоваруваат со мали работи (акни, лоша фризура…), туку да знаат кои им се нивните вистински приоритети. Нацртана е од Сингапурскиот илустратор Енди Јанг Кит.

Не знаете како да си ги проверите своите гради? Јас можам да помогнам
a97189_g127_2-help
Магазинот CLEO покрена кампања за борба против ракот со најпосакуваниот ерген за 2009, Хенри Голдинг. Целта на оваа кампања беше да се известат жените во Малезија дека раното откривање на ракот може да го спаси животот. Оваа кампања има и мала доза на хумор, покрај својата сериозна порака.

Без тајни
a97189_g127_3-secret
Фондацијата за ракот на дојка во САД ја отфрли оваа реклама поради „стравот кој луѓето ќе го добијат од лузните“

Само кога жените би обрнувале толку внимание на своите гради колку што обрнуваат и мажите
a97189_g127_12-man-attention

Можете рано да го откриете ракот, победете ја болеста пред да стане предоцна
a97189_g127_5-balloon
Дело на компанијата PENCIL Advertising од Кувајт.

Победете го ракот
a97189_g127_6-beat-cancer
Паметна игра на букви од компанијата Team/Y&R од Дубаи.

a97189_g127_7-twins
Овој постер е дизајниран од Advertising Design & Production од Дубаи, а идејата е на креативниот директор Сушас Реге. Двете близначиња се скриена порака за двете гради.

„За жал, ние не можеме се да тестираме за Вас“
a97189_g127_10-mercedes
Оваа реклама на Мерцедес Бенз, кој оваа година помага во фондацијата за истражувањето на ракот на дојката, се појави во холандскиот магазин Pink Ribbon и покренува внимание на проверката за ракот на дојка, со текстот: „„За жал, ние не можеме се да тестираме за Вас. Проверете ги вашите гради за рак на дојка еднаш месечно. За ваше здравје. Мерцедес Бенз“

Превенција
a97189_g127_9-italian
Зад оваа реклама стои Италијанската непрофитна организација „Komen Italia onlus“, охрабувајќи ги читателите да даваат донации за превенцијата за ракот на дојка. Текстот вели: “За 90 проценти од ракот на дојка, има еден лек кој што не остава никакви траги. Превенцијата. Донирајте во борбата против ракот на дојката„

Секоја полна уста помага
a97189_g127_8-bottles
Оваа реклама беше одбиена поради сексуалната конотација на зборот „полна уста“.

Бидете тука кога шеесетитте ќе се вратат
a97189_g127_11-sixty
Мамографите ви дозволуваат да живеете подолго.

Заштитете се
a97189_g127_4-protect
Корпата на сликата потекнува од Руанда и се вика агасаке, а жените ја користат за носење товар.

- Реклама -