Нов брзински рекорд на мраз

БентлиРели шампионот Јуха Канкунен поставил нов брзински рекорд на мраз возејќи 330.68 километри на час на замрзнатиот Ботнијски Залив помеѓу Шведска и Финска. Канкунен новиот рекорд го постави со шест литарски, Бентли Континентал Суперспортс Кабриолет. Претходниот рекор од 2007, исто така на Канкунен, беше 321,59 километри на час.

И покрај температурата од -30 степени и виулиците на мразот дебел 70 сентиметри, Канкунен немал проблем да го извади максимумот од автомобилот на патеката долга 16,5 километри. Неговиот рекорд – мерен во два обиди – бил потврден од претставници од сообраќајната полиција на Финска. Откако го поставил рекордот, Канкунен изјавил: „Кога чув за автомобилот бев решен повторно да кршам рекорди со Бентли. По 5 километри на мразот веќе постигнав 320 километри на час. Потоа требаше сè да оди според планот во зоната на мерење и се надевав дека нема да налетам на снег.“

{youtube}GwxrxbUTlE0{/youtube}

- Реклама -