Британски боксер почина во рингот

Британскиот боксер во средна категорија Шериф Лавал (29) почина откако беше нокаутиран на своето професионално деби во неделата.

Како што пренесуваат денеска англиските медиуми, Лавал бил нокаутиран по удар во слепоочницата во четвртата рунда од борбата против Португалецот Малам Варела во Лондон.

„За жал, Шериф колабираше за време на неговата борба и почина и покрај најдобрите напори на лекарскиот тим“, соопштија организаторите на борбата од „Ворен Бокс Менаџмент“.

Британската боксерска федерација упати сочувство до семејството на 29-годишниот Лавал.

- Реклама -