Рекорден ски лет (видео)

ски летОбичните луѓе отсекогаш сонувале да летаат со помош на механички помагала. Но Јохан Ремен Евенсен од Норвешка развил навика да лета со помош на скии. Овој викенд тој беше во врвна форма и постави нов светски рекорд со неверојатен лет, 246,5 метри, за време на квалификациите за Светскиот Куп во Викерсунд, Норвешка.

Условите биле идеални во пресрет на главната фаза на натпреварувањето. Но дел од овој подвиг е и заслуга на скокалницата Викерсунд, која беше повторно отворена оваа недела по завршувањето на проектот за нејзино зголемување. Викерсунд сега стана најголемата ски-скокалница во светот, долга 225 метри и 134 метри над земјата.

{youtube}453UBJjB1jc{/youtube}

- Реклама -