Што гореше на небото над Русија?

Веста дека утрово, по локално време, јужна Русија ја погоди метеорски дожд го обиколи светот и предизвика паника поради најавите дека токму денеска астероидот 2012 DA14 ќе помине на рекордна близина до Земјата.

Анализи на снимките објавени на Интернет, сепак, укажуваат на тоа дека овој метеор нема поврзаност со наведениот астероид.

Последиците од метеорот, како што беа распрснати прозори, срушени покриви и повредени луѓе, се поврзани со ударите во атмосферата, поради брзината на движење на ова тело низ неа, но не директно поради падот на честичките на тлото.

Сепак, се очекува на некои места да бидат пронајдени и остатоци од ова тело кое предизвика импресивна астрономска појава.

По овој повод Игор Симолиќ од српскиот Институт за физика за B92 објаснил некои детали за овој необичен настан.

Што точно се случи?

На снимките објавени на Интернет забележан е лет на метеориди низ Земјината атмосфера. Исклучително силниот сјај укажува на тоа дека телото пред влезот во атмосферата имал димензии од повеќе метри и е од астероидно потекло. Вообичаено е поради големата брзина во високите слоеви на атмосферата ова тело да се распадне правејќи мала композиција од светли тела, кои исто така се гледаат на снимките.

На која висина се случи?

Звучните бранови кои настанале при прелетувањето и фрагментацијата, а биле толку интензивни што предизвикаа пукање на прозорите, зборуваат дека целата светлосна појава се случувала на оддалеченост од околу 35-40 километри.

Дали ова е метеорски дожд?

Не е во прашање метеорски дожд затоа што тоа е појава при која голем број ситни честички прав влетуваат во атмосферата при што предизвикуваат бројни метеори на небото.

Погледајте ја најимпресивната снимка од тоа што се случуваше утрово во Русија

[youtube]http://youtu.be/iCawTYPtehk[/youtube]

- Реклама -