Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ отсега без Мелинда

Мелинда Гејтс, која ја предводи една од највлијателните филантропски фондации во светот, денеска соопшти дека ќе ја напушти.

Таа ја основа таа организација наречена „Фондација Бил и Мелинда Гејтс“ со нејзиниот сега поранешен сопруг Бил во 2000 година.

Како што напиша на својот профил на X, таа е „неизмерно горда“ на работата на Фондацијата.

Последниот ден на Мелинда Гејтс во оваа организација посветена на здравствената заштита и намалувањето на сиромаштијата ќе биде 7 јуни.

- Реклама -