5 видови храна од кои не треба да се откажете при диети

ДиетаПонекогаш, поимот диета се поистоветува со откажување од сѐ што сакате од храната, т.е. лишување од задоволствата. Тоа уште во старт е погрешно! Со ваквото однесување најчесто си наштетувате повеќе одошто ќе имате корист. Постојат некои јадења од кои не треба да се откажувате. Проверете кои.

Понекогаш, поимот диета се поистоветува со откажување од сѐ што сакате од храната, т.е. лишување од задоволствата. Тоа уште во старт е погрешно! Со ваквото однесување најчесто си наштетувате повеќе одошто ќе имате корист. Постојат некои јадења од кои не треба да се откажувате. Проверете кои.

Диета1. Леб

Лебот содржи јаглехидрати. Кога јаглехидратите се варат, телото произведува инсулин. Инсулинот ја дистрибуира побрзо аминокиселината триптофан до мозокот. Таму, таа се претвора во серотонин, невротрансмитер кој го создава чувството на удобност и задоволство. Доколку ви недостасува тоа чувство, тогаш ќе започнете да се чувствувате депримирани и речиси сигурно ќе бидете иритирани, што пак ќе предизвика нагон за прејадување – и крај на диетата.

2. Тестенини

Варените тестенини (како и варениот ориз), содржат околу 70% вода. Храната која е богата со течности ве држи заситени далеку подолго време отколку сувата храна. Како во лебот, така и во тестенините има голема количина јаглехидрати, што ќе ве спречат да се прејадете. Затоа, не треба да ги исфрлите тестенините од исхраната, туку само да го ограничите количеството.

3. Компири

Компирите се веројатно најпогрешно сфатената храна. Секако, ако јадете помфрит, можете да биде сигурни дека ефектот нема да е позитивен, но, ако ги сварите или испечете компирите, тогаш влакната од скробот, по оладување ќе кристализираат. Штом ќе започне варењето, тие влакна, во цревата ќе го блокираат согорувањето на јаглехидратите и телото автоматски започнува да согорува масти.

4. Сирење

Прочитајте и:  За да го намалите ризикот од деменција, ограничете ја консумацијата на еден вид пијалок

Со околу 300 калории и 15 грама масти на 100 грама, сирењето е едно од најизбегнуваните јадења при диети. Но, сирењето содржи големи количини калциум, минерал што значително го помага трошењето калории и топењето масти. Една студија покажа дека луѓе кои биле на диета и додале од 300 до 400 милиграми калциум во исхраната, загубиле значајно повеќе килограми, отколку оние луѓе што еднакво го намалиле внесот на калории, но не внесувале калциум.

5. Темно чоколадо

На најголем дел од луѓето кои имаат проблеми со телесната тежина, најтешко им паѓа откажувањето од слатките, најмногу од чоколадото. Затоа, многу поумно е повремено да си го задоволите копнежот, отколку да се лишувате, до степен кога нема да можете да издржите и ќе почнете да јадете додека не ви се слоши. Темното чоколадо е најдобро од повеќе причини – подобро ќе ве задоволи од млечно чоколадо, помалку е калорично, а воедно има и антиканцерогени својства. Само запомнете – нема ништо лошо во тоа да каснете по некоја коцка чоколадо, лошо е кога нема да можете да запрете додека имате чоколадо пред себе.

- Реклама -