Пет скриени знаци за топлотен удар

Пет скриени знаци за топлотен ударСо растот на температурите ова лето, расте и ризикот од топлотен удар – сериозна, и потенцијално фатална, медицинска состојба која настанува кога вашето тело не може да се излади и се прегрева со температура до 41 степен целзиусов. За среќа, топлотниот удар лесно може да биде спречен, особено ако знаете како да ги идентификувате и да се справите со често незабележаните, рани симптоми.

1. Грчеви во мускулите

Топлотни грчеви, претходник кој води кон топлотен удар, може да биде првиот знак дека телото се труди да ја регулира сопствената температура. Топлотните грчеви се сериозни мускулни грчеви кои почнуваат ненадејно во рацете, подколениците или стапалата. Ако за време на физичка активност ненадејно искусите остра болка во овие делови, морате да вршите хидратација и веднаш да најдете сенка. Грчевите најверојатно се предизвикани од температурата, не од физичкиот напор.

2. Чувство на вртоглавица

Топлотното исцрпување е уште една, не толку сериозна состојба која може да резултира со топлотен удар. Еден од нејзините главни симптоми е вртоглавица. Ако се чувствувате зашеметени или збунети по ден поминат на сонце, преземете превентивни мерки – седење под сенка и носење широки памучни алишта – за да избегнете топлотен удар. Луѓето кои страдаат од дијабетес, или други медицински состојби кои го отежнуваат ладењето мораат посебно да внимаваат и да бидат проактивни ако почнат да се чувствуваат зашеметено од топлината.

3. Главоболка

Иако повеќето луѓе ги препишуваат главоболките на стрес или настинки, тие можат да настанат и од дехидрирање. Всушност, главоболката е често игнориран симптом на топлотната исцрпеност, и ако не се справите со неа може да прерасне во топлотен удар. Ако сте во топла средина и добиете главоболка, пијте течности и веднаш обидете се да се оладите. Избегнете пијалаци кои содржат алкохол или кафеин кога е жешко, бидејќи овие пијалаци содржат хемикалија поради која вашето тело задржува помалку течности, со што многу полесно можете да дехидрирате.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

4. Замор и чувство на слабост

Заморот често се смета за знак на слабо спиење, но всушност може да биде сигнал дека вашето тело има проблеми со ладењето. Со растот на вашата температура може да се почувствувате слаби и уморени. Ова е сигнал од вашето тело кој ви кажва дека мора да забавите, да одморите под сенка и да пиете вода. Стден туш, ставање на стапалата во студена вода, или ставање на пешкир натопен со вода врз рамениците исто така ќе ви помогне да се оладите.

5. Потење пропратено со студена кожа

Потењето е природниот метод за ладење на вашето тело – и причината поради која пиењето течности е важна. Со испарувањето на потта од површината на вашата кожа, кожата се лади и ја спушта вашата температура. Но ако немате доволно вода во вашиот систем, нема од што да се создаде пот за спуштањето на температурата. Иако личност која искусува топлотен удар има сува, црвена и топла кожа (бидејќи потењето престанало), рано предупредување е потење пропратено со студена или бледа кожа. Избегнување на влажни области исто така помага бидејќи многу е потешко за потта да испарува кога околниот воздух е влажен. Ова е еден од последните очајни обиди на вашето тело да ја спушти температурата, затоа не смеете да го игнорирате. [5 hidden signs of heat stroke]

- Реклама -