5 необични начини како да се разладите

basset_hound_cooling_off-1_copyВеројатно веќе сте чуле за некои од начините како да се разладувате во жешките лета: одржувајте ги чисти филтерите од клима уредите, ставете темни завеси што не пропуштаат светлина на прозорците, сведувајте го на минимум користењето на електрични апарати кои загреваат… Покрај овие, постојат и некои по малку необични, но сепак ефикасни методи и трикови кои можат да ви помогнат да ги преживеете високите температури.

1. Следете го примерот на оние кои поголемиот дел од животот го поминуваат во тропска клима
Носете лесна, комотна облека од памук или лен.

2. Разладете ги пулсните точки
Кога сте биле болни како деца вашата мајка ви ставала ладни облоги. Ова функционира и при разладувањето. Разладете ги вашите пулсни точки така што ќе оставете да тече ладна вода на зглобовите на рацете една минута или повторувајте го ова на секој час. Прскањето вода на слепоочниците има сличен ефект. Кога сме кај водата, осигурајте се дека ја конзумирате во големи количини за да останете хидрирани.

3. Не јадете обилно
Дали сте забележале дека ви е топло после обилен оброк? Тоа не е така само затоа што храната била сервирана топла. Обилните, протеински оброци го загреваат телото. Решението е наместо да јадете обилно, да јадете помалку и почесто. Ќе ви биде поладно – а тоа е и поздраво е за вас.

4. Јадете за да се испотите
Латинска Америка, Индија, Тајланд – едни од местата со најжешка клима на светот. А сепак тоа се и земјите во кои се служи најлутата храна на светот. Научниците со години дебатираат на оваа тема, меѓутоа најверојатно причината е тоа што зачинетата храна прави да се потите без притоа да се подигне вашата телесна температура. За тоа е заслужен капсаицинот, активната компонента која се наоѓа во лутите пиперчиња. Кога веќе кожата е влажна, се чувствувате разладено заради испарувањата.

5. Разладете се под чаршавите

На многумина им е тешко да спијат кога е жешко. Сакате да го разладите креветот кај што спиете? Наполнете шише со ладна вода. Искористетe го за да ги разладите глуждовите и местата зад колената – функционира! Исто така може да помогне да ги држите чаршавите во фрижидер еден час или два пред да си легнете. Разладувањето на главата го разладува целото тело. Пробајте да најдете ладна и апсорбирачка перница од органски памук.

- Реклама -