5 чудни трикови за слабеење кои функционираат

триковиКога се обидуваме да ја намалиме телесната тежина, подготвени сме на сè. Но често ги слушаме само оние совети кои нас ни одговараат и го правиме само она што ни изгледа лесно. Но, чудните совети не се секогаш бескорисни. Еве пет чудни трикови за слабеење кои навистина функционираат.

Кога се обидуваме да ја намалиме телесната тежина, подготвени сме на сè. Но често ги слушаме само оние совети кои нас ни одговараат и го правиме само она што ни изгледа лесно. Но, чудните совети не се секогаш бескорисни. Еве пет чудни трикови за слабеење кои навистина функционираат.

триковиЈадете смоки од чинии
Користете чинии и прибор секој пат кога грицкате нешто, и седнете на маса додека уживате, дури и ако оброкот трае само десетина минути.

Зошто функционира
Луѓето почесто ја третираат храната како закуска ако завршат под десет минути или ако јадат стоејќи. Од друга страна, кога седнувате околу 20-30 минути поверојатно е дека активноста ќе ја третирате како целосен оброк, што ќе ви помогне да се чувствувате позаситени и ги намалува шансите повторно да посегнете кон храна подоцна.

триковиНосете повеќе пари
Носете повеќе банкноти со себе секој пат кога одите да купувате храна или кога одите во ресторан.

Зошто функционира
Оние кои плаќаат за храната со кеш, купуваат поразумно од оние кои плаќаат со дебитни или кредитни картички. Банкнотите ја зацврстуваат вашата решителност, луѓето кои плаќаат со банкноти повеќе размислуваат за тоа што ќе купат, но и повеќе внимаваат на хранливата вредност на производите. Некој што плаќа со банкноти има поголеми шанси да купи јаболко, наместо колаче.

Прочитајте и:  Девојка со дијагноза за психопатија открива 5 знаци по кои можете да препознаете дека некој е психопат

триковиБидете монах
Еден оброк неделно нека ви помине во целосна тишина. Исклучете го телевизорот, и кажете му на вашиот партнер да ќути.

Зошто функционира
Бучната околина ги тера оние што јадат да брзаат, па додека да сфатат дека изеле доволно, веќе е доцна. Но пуштање бавна муика не помага, бидејќи може да ве натера подолго да останете на масата, што пак ќе придонесе кој конзумирање поголема количина. Со намалување на буката околу вас, ќе го засилите вкусот, мирисот и текстурата на секое јадење, што значи дека повеќе ќе уживате.

триковиИнформирајте се
Ако вашата омилена серија ве тера да посегнете по сладолед, торта или друг сличен производ кажете си на себеси а и на сите околу вас: „Не сум гладен, но сепак ќе го изедам ова“.

Зошто функционира
Уживајте во вашата омилена храна, бидејќи ако си ги забраните, ризикувате да се прејадете. Но, со искажувањето на вашиот мал луксуз на глас можете да спречите мало уживање да се претвори во прејадување. Кога гласно кажувате дека сакате нешто слатко, станувате свесни што јадете и зошто.

триковиПочнете со портокал
Излупете еден пред да седнете да ручате.

Зошто функционира
Потребно е време и напор за да се излупи портокал, што ќе ве натера да забавите и ќе ви ги стимулира сетилата, па автоматски ќе бидете посвесни што јадете. Дополнително, сочното овошје може да ви помогне да се чувствувате понајадени уште пред да започнете. За да го постигнете истото темпо при другите оброци, имитирајте ја брзината со која го јадевте портокалот, или пијте по една голтка вода по секој залак.

- Реклама -