Брза храна од моркови

морковиФармерите во Америка нашле лукав начин да ги натераат децата да се хранат малку поздраво… Тие ги пакуваат своите производи како брза храна. Моркови пакувани во амбалажа која нормално се користи за продажба на чипс. Фармерите исто така создале и вебсајт за да го промовираат овој нов производ.

Фармерите во Америка нашле лукав начин да ги натераат децата да се хранат малку поздраво… Тие ги пакуваат своите производи како брза храна. Моркови пакувани во амбалажа која нормално се користи за продажба на чипс. Фармерите исто така создале и вебсајт за да го промовираат овој нов производ.

морковиГрупа од 50 фармери ја организирале кампањата „Јади ги како да се брза храна“ со надеж дека луѓето ќе гледаат на нивните поризводи како на кул бренд. Кампањата опфаќа и создавање на игра за iPhone инспирирана од моркови, како и ТВ реклами кои намерно ги имитираат рекламните тактики на производителите на брза храна. Џеф Дан, еден од фармерите рекол „Мислиме дека поради климата која моментално постои околу здравите грицки, имаме уникатна шанса да ја направиме првата реклама за моркови“.

Ендру Келер, претставник на рекламната фирма Криспин Потер и Богуски, кој работел на кампањата додал „За морковите да бидат спомнати во ист разговор покрај други грицки, потребно им е малку дрскост. Исмевањето на модерните реклами за грицки е стратешки нашин за покажување на таа дрскост.“[Официјален сајт на кампањата]

- Реклама -