Ви одат на нерви бавни компјутери? Не сте единствени

hourglass_sindromДали сте под стрес додека даунлоадирате или додека чекате да се отвори некоја апликација или веб страница? Ако вашиот одговор е потврден, можеби патите од синдром на песочен часовник.


hourglassДали сте под стрес додека даунлоадирате или додека чекате да се отвори некоја апликација или веб страница? Ако вашиот одговор е потврден, можеби патите од Синдром на песочен часовник.

Истражувањето спроведено од Intel, компанијата специјализирана за производство на процесори, покажа дека 66% од корисниците на  компјутери се на некој начин под стрес заради бавната технологија, а 23% од нив изјавиле дека кај нив нивото на стрес е преголемо за да се издржи.

Според зборовите на Агнес Кван од компанијата Интел, 41% од возрасните велат дека многу им смета додека чекаат компјутерот да го направи своето. Кван напоменува дека т.н. синдром на песочен часовник е термин кој ги вклучува сите фрустрации со кои се соочуваат корисниците на компјутери додека го гледаат малиот песочен часовник како се движи додека компјутерот отвора програми, веб страници и сл. Во некои естремни случаи, корисниците чекаат и по неколку часови компјутерот да ги стигне. Стресот само се зголемува доколку корисниците се ограничени со време.

Со појавата на Facebook и Twitter, како и видео и музичките сајтови, конзументите ги користат компјутерите за се поголем број на апликации за разлика од порано. Некои застарени, но и некои понови компјутери тоа едноставно не можат да го поднесат. Резулатите на истражувањето покажаа дека еден корисник на компјутер во просек дневно губи околу 13 минути чекајќи да се отвори некоја апликација или веб страница. Тоа значи дека се губат по три дена годишно во чекање, е заклучокот на стручњаците од Intel. [Stressed by slow computers? You’re not alone]

- Реклама -