Време е за костени

Повеќе... Надополнете го организмот со витамини А, Б и Ц, калиум, калциум, натриум, бакар, манган и фосфор, со ова висококалорично овошје, многу слично на пченицата – костенот. 

Надополнете го организмот со витамини А, Б и Ц, калиум, калциум, натриум, бакар, манган и фосфор, со ова висококалорично овошје, многу слично на пченицата – костенот. 

kosteni1.jpg

Костенот треба да се конзумира како енергетски додаток при растот, при анемија, физичка и интелектуална исцрпеност, а посебно се препорачува кај особите кои имаат проширени вени или хемороиди, објаснуваат нутриционистите. Ова овошје има антисептички и антианемични својства и спаѓа во групата на високоенергетски овошја. Има смирувачки ефект. Регенератор е на минералите, а на организмот делува освежувачки. Може да се јаде печен, варен, пржен, во вид на пире или, пак, како брашно за приготвување на пецива и разни слатки. Кога јадете костени избегнувајте да го комбинирате со друга храна за да полесно се свари во организмот. Дијабетичарите не би требало да го конзумираат.

Пополнете го вашето мени со тестенини во сос од костени. 

Многу едноставно јадење кое се заканува да стане вистински зимски хит. Станува збор за шпагети во сос од костени. Да се распрскаат слатките импресии тука е биберот, магдоносот и кромидот, а за декорација искористете што друго освен – лупени варени костени.

testeninii.jpg

1 лажица путер
60 г кромид
150 мл бело вино 
Сол
150 г незасладено пире од костени 
200 мл слатка павлака
Бел бибер
350 г шпагети
1 лажица исечкан магдонос
На загреан путер пропржете го ситно исечканиот кромид, залијте го со бело вино, посолете го и кратко варете го. Додајте го пирето од костени, павлаката и биберот и оставете да зоврие. Во подготвениот сос ставете ги сварените шпагети. Послужете веднаш посипано со магдонос. На здравје!

- Реклама -