И на мозокот му треба тренинг

slika_vnatreСпоред новата книга на Denis Campbell ладното месо и чоколадото ќе го направат подобро функционирањето на вашиот мозок, а исто така и сексот. Заборавете ги крстозборите, Судоку и компјутерските игри. Ако навистина сакате да го тренирате вашиот мозок , јадете црно чоколадо , практикувајте многу секс и следете го скандинавскиот пример да се јаде ладно месо за доручек.


slika-introСпоред новата книга на Denis Campbell ладното месо и чоколадото ќе го направат подобро функционирањето на вашиот мозок, а исто така и сексот. Заборавете ги крстозборите, Судоку и компјутерските игри. Ако навистина сакате да го тренирате вашиот мозок , јадете црно чоколадо , практикувајте многу секс и следете го скандинавскиот пример да се јаде ладно месо за доручек.

Многу луѓе кои се обидуваат да ја зголемат својата ментална способност преку “тренирање на мозокот“ исто така треба да избегнуваат канабис, гледање сапунски опери , излегување со луѓе кои постојано се жалат или практикување на диети.

Во својата книга "Научи се како да го тренираш својот мозок" авторите Terry Horne and Simon Wootton даваат предлози како тоа да се направи: гушкајте се, мамете на училиште, читајте на глас.
   
А што треба да направат луѓето за да го подобрат нивниот ментален капацитет?

Мамење
Децата не треба сами да ја пишуваат домашната задача. Нивниот мозок подобро ќе функционира ако им помогнат родителите или нивната наставничка.

Јадење правилна храна
Јадете јајца, риба или ладно месо за доручек. За ручек храна базирана на протеини, како риба во масло и зеленчук. Избегнувајте леб, паста или пица и пијте чај, најдобро зелен чај или хербал, не кафе. Ужина од ореви, лешници, но не и бисквити или други слатки работи. Најдобро јадете јаглехидрати само навечер. Избегнувајте алкохол, кафе и црвено месо.

Зборувајте гласно
Старата практика да се тераат учениците да зборат гласно пред целиот клас ја подобрува работата на мозокот поради вклученоста на повторувањето. Возрасните можат да ја подобрат нивната меморија броејќи гласно до 99 три пати колку побрзо можат.

- Реклама -