Импотенцијата поверојатна кај пушачите

brazil_impotence_newМажите кои пушат 20 или
повеќе цигари дневно имаат 40% шанса да станат импотентни за разлика од
оние што не пушат, се вели во студијата.


impotence_2

Мажите кои пушат 20 или повеќе цигари дневно имаат 40% шанса да станат импотентни за разлика од оние што не пушат, се вели во студијата.

Истражувачите открија едно од најсилните поврзувања помеѓу бројот на испушени цигари и нивото на ерективна способност.
Биле испитани повеќе од 8,000 мажи на возраст од 16 до 59 години да одговорат дали имале проблеми со ерекцијата низ годините.
Скоро еден од 10 кажал дека имал период кој траел околу 1 месец кога имал проблем да ја одржи својата ерекција.
Повеќе од четвртина од нив одговориле дека се пушачи, а 1 од 5 дека пуши 20 или помалку цигари дневно. Нешто преку 6% одговориле дека пушат повеќе од 20 цигари дневно.
Споредени со непушачите, тие што пушеле 20 или помалку цигари дневно имале 24% повеќе проблеми со ерекцијата, додека оние што пушеле по кутија и повеќе на ден пријавиле еректилна дисфункција во процент од 40%.

Истражувањето е дел од Австралиската студија за здравје и односи.

- Реклама -