И пушката станува „паметно оружје“ (видео)

Компанијата TrackingPoint создале телескопски нишан со систем наречен Intelligent Digital Tracking Scope кој им овозможува на стрелците да ја маркираат посакуваната мета по што пушката ќе пука само ако е насочена кон маркерот.

Некои луѓе се загрижени дека со ова се отстранува умешноста на стрелецот од ловењето, но други го фалат системот поради неговата безбедносна функција во спречување на несреќи. Единствениот проблем на овој систем е што поради нивото на интеграција, тој не може да биде поставен ретроактивно на стара пушка, туку мора да биде вметнат уште во производството.

- Реклама -