Четири девојчиња од Африка создале генератор кој работи на урина

Е ова е иновативна иницијатива: четири девојчиња од Африка – најстарата има само 15 години – заедно измислиле генератор кој работи на урина.

Групата ја претставила својата креација на овогодинешниот Maker Faire Africa, и нивната идеја е толку брилијантна што е неверојатно дека не му текнало на никој друг претходно.

The Next Web објаснува како функционира генераторот, и се чини дека функцијата е доста едноставна:

  • Урината се става во електролитичка келија, која ја разложува уреата на азот, вода и водород.
  • Водородот оди во филтер за вода прочистување и потоа оди во цилиндер со гас.
  • Цилиндерот со гас го пренесува водородот во цилиндер со течен боракс, каде што се отстранува влагата од водородот.
  • Прочистениот водород оди во генераторот.
  • Еден литар урина е доволен за шест часа електрицитет.

Да се надеваме дека девојките ќе добијат финансии за да ја реализираат идејата на уште повисоко ниво. А дури и ако тоа не се случи, девојките имаат голем потенцијал.

- Реклама -