4 модерни технологии што животните ги користат милиони години (видео)

Технологија Човечката ароганција ни налага да мислиме дека сè што постои е измислено од нас. Но, постојат неколку модерни технолошки достигнувања за кои се испостави дека природата ги создала пред милиони години, а животните ги ползуваат уште оттогаш. Следи листата на четирите најинтересни такви технологии.


Човечката ароганција ни налага да мислиме дека сè што постои е
измислено од нас. Но, постојат неколку модерни технолошки достигнувања
за кои се испостави дека природата ги создала пред милиони години, а
животните ги ползуваат уште оттогаш. Следи листата на четирите
најинтересни такви технологии:

Сипа4. Сипите имаа вградени дисплеи со рамен екран!

Сипите се цефалоподи. Она што е карактеристично за нив е фактот дека секое животно на планетава што има заби (вклучително и човекот) мисли дека се екстремно вкусни. Затоа, тие морале да создадат совршен систем за камуфлажа, само за да останат живи. Сипите имаат способност да сменат боја, па дури и текстура на кожата, за подобро да се вклопат во околината во реално време.

Како го прават тоа? Нивната кожа е составена од ситни слоеви боја и мали мускулчиња кои со различни контракции даваат различна боја. Во суштина, тие имаат телевизор со рамен екран завиткан на секој милиметар од нивното тело. И не само тоа, туку нивната технологија е подобра од онаа што ние ја користиме. Ако можете да пренесете епизода од „Изгубени“ во некоја сипа, сликата ќе биде почиста отколку на најскапиот телевизор со висока дефиниција. Но, не морате!

Научниците од универзитетот MIT направиле телевизор базиран на технологијата од сипите. Дизајнот е толку добар што може да се направи со дебелина од само еден микрон што ефективно ќе го направи невидлив доколку го гледате од страна. Едвин Томас, главниот научник кој работи на овој модел, се труди да усоврши дизајн доволно евтин, доволно едноставен и доволно безбеден за учениците да можат да го прават како експеримент во средните училишта, а потоа и да се тепаат кој да го однесе дома, откако ќе биде завршен.

{youtube}mW4PbW893ik{/youtube}

Слонови3.Слоновите користат фармацевтика

Фармацевтските компании се водечки во медицинската индустрија. Неретко, не толку опасни епидемии биле ослободувани од нив, за подоцна да бидат чуденсно излечени; безброј тимови работат на ултимативни лекови кои ќе им донесат купови пари итн. Но, кога работата ќе се покаже залудна, тие одат во природата, на егзотични места и бараат помош од животните. Зоофармогносија е гранка од медицината која го ползува животинското знаење за лековити билки.

Уште кога човекот се обидувал да излечи отворени рани со нанесување жива и посета на локалниот врач, слоновите користеле фармацевтика. Слоновите јадат земја кога имаат потреба да неутрализираат токсини кои ги внеле во себе јадејќи одредени видови растенија, го конзумираат птичјото лимоново дрво за да предизвикаат породилни болки (што е разбирливо – кога треба да го родите најголемото копнено суштество, ќе сакате да излезе од вас што е можно побргу!) итн. Исто така, беше отркиено дека еден вид на јужноафрикански слон се спасил од истребување конзумирајќи гранодерма – печурка која во кинеската медицина се користи како антиканцероген и антивирален лек.

Гулаб2. Гулабите имаат подобар систем за навигација од нас

Гулабите, а особено гулабите-писмоносци имаат неверојатен систем за навигација. Можете да затворите гулаб во кутија, да го ставите во кола, да го одвезете стотици километри во која и да е насока, на место каде што никогаш порано не бил и откако ќе го ослободите, тој повторно ќе си го најде патот до гнездото. Има забележан случај кога еден гулаб се вратил дома од раздалеченост од 1770 километри.

И натаму е нејасно како функционира нивниот систем за навгација, иако многу научници теоретизираат оти гулабите се ориентираат според магнетните полиња на Земјата.

Иако луѓето користат мапи веќе подолго време, единствената технологија што дошла блиску до онаа на гулабите е GPS, кој не беше измислен до 1995 година. Но, GPS-от од гулабите го собира во нивните ситни главчиња и никогаш не им била потребна дополнителна консултација со некој апарат за да можат да го пронајдат тоа што го бараат. Гулабите едноставно знаат.

Мравки1. Малезиските мравки имаат бомбаши самоубијци

Да не помисливте за миг дека животните користат само убави пронајдоци? Ако е така, сте погрешиле.

Малезиските мравки имаат жлезди што лачат отров, што и не е така невообичаено. Но, она што е, е фактот дека кога ќе се најдат под директна закана, ги надуваваат жлездите до тој степен што тие експлодираат, заедно со главата на мравката, прскајќи отров во сите насоки. Но, пред да го сторат тоа, чекаат предаторот да дојде во досег на експлозијата.

Овој одбранбен механизам обично се нарекува „никој нема да ме изеде“ и е прилично ефективен. Од еволутивна гледна точка, на прв поглед можеби е и малку збунувачки, но сепак го гарантира опстанокот на видот. Замислете си кога ќе посакате да си сварите виршли, во моментот кога ќе го отворите фрижидерот тие да ви експлодираат в лице и не само тоа, туку да распрскаат отров насекаде по кујната. По кусо време, сигурно ќе престанете да купувате виршли.

Човекот првата експлозија ја направил со црн барут, во Кина, отприлика во деветтиот век. Оттогаш, експлозивите еволуираа значително, во многу силни и ужасни оружја. И иако постојат бомбаши самоубијци, уште никој не научил како да си ја разнесе главата кога ќе забележи опасност.

- Реклама -