Лефков: Пендаровски откако ги потпишаа договорите тврдеше дека само што не сме влегле во ЕУ

„Откако владата на СДС и Пендаровски ги потпишаа Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, тврдеа дека само што не сме влегле во ЕУ. Стево Пендаровски ги убедуваше граѓаните дека тој и владата на СДС ги затвориле сите отворени прашања со соседите, и дека сега никој не не опструира, напротив ни помагале и Грција и Бугарија. Пендаровски потенцираше дека нема ниту едно отворен крупно прашање. Пендаровски потенцираше дека нема ниту едно отворен крупно прашање“, изјави денеска пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ – Миле Лефков, при што презентираше видео исечок од посочената изјава на Пендаровски.

Според Лефков и ВМРО-ДПМНЕ, реалноста денеска е сосема спротивната.

„Неколку години подоцна Македонија е подалеку од ЕУ од кога било порано, а односите со Бугарија се полоши од времето за кое Пендаровски и СДС тврдеа дека биле лоши. Наместо напредок и отворање на преговорите со ЕУ, имаме нови барања и диктати. Наместо соработка на рамноправна основа, имаме асиметрични односи, во кои Македонија е страната која само дава, а ништо не добива“, оцени Лефков.

„Политиката на веднење кичма на Пендаровски и СДС ја донесе Македонија во понижувачка позиција. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, додаде тој.

- Реклама -