Москва: Русија ќе го зајакне својот воен потенцијал како одговор на членството на Финска во НАТО

Кабинетот на претседателот на Финска, Саули Ниинисто, лиферуваше соопштение во кое потврди дека Финска и официјално ќе стане членка на НАТО алијансата, а во меѓувреме стасаа и првите реакции од Русија.

Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, најави дека земјата ќе го зајакне својот воен потенцијал како одговор на членството на Финска во НАТО.

„Русија ќе го јакне својот воен потенцијал во западните и северозападните правци како одговор на членството на Финска во НАТО. Некои од мерките се веќе објавени. Ќе го зајакнеме нашиот воен потенцијал во западните и северозападните правци. Во случај на распоредување на силите и средствата на другите членки на НАТО на територијата на Финска, ќе преземеме дополнителни чекори за сигурно да ја обезбедиме воената безбедност на Русија“, рече Грушко.

МИА

- Реклама -