По тенковите и сухоите, на Украина ќе ѝ ги донираме и хеликоптерите Ми-24

Владата е на чекор до одлука на Украина да ѝ ги донира и хеликоптерите Ми-24 на македонската армија, објави порталот „360 степени“, врз основа на одговорот кој го добиле од Министерството за одбрана, на прашање дали во најновата одлука за донација за Украина од 14 март, се вклучени и хеликоптерите.

Дека на 14 март имало одлука за нова донација обелодени, во ТВ гостување, министерката за одбрана Славјанка Петровска, а во одговорот до „360 степени“ Министерството потврдува и дека имало такво барање од Киев.

Самиот одговор, покрај тоа што сугерира дека одлуката за барањето на Киев ќе биде позитивна, најавува и дека Македонија потоа ќе ги заменува старите/донираните – со нови хеликоптери:

„Одлуката од вторникот за воена помош на Украина е податок кој е класифициран. Ве информираме дека во согласност со побарувањата од украинска страна, во тек е изработка на анализа дали може да се одговори позитивно на нивното барање за донација на хеликоптери. При оваа анализа се земаат предвид плановите наведени во Долгорочниот план за развој на одбранбените способности, според кој се предвидува набавка на нови повеќенаменски хеликоптери кои треба да ги заменат постоечките. Согласно планот за модернизација на Армијата, работи Интегриран проектен тим кој е во фаза на евалуација на понуди од различни производители, за набавка на повеќенаменски хеликоптери за потребите на Армијата, но и за цивилна заштита и спасување“, одговориле од Министерството на одбрана за „360 степени“.

Прочитајте и:  Руте повика на поголема помош за Украина за време на претстојната студена зима

Армијата, инаку, поседува 12 хеликоптери Ми-24. Повеќе детали ТУКА.

- Реклама -