Петровска во Киев: Украина ја има нашата поддршка за одбрана на својата сувереност и независност

„Изразуваме почит и поддршка кон украинскиот народ, за храброста, истрајноста и решителноста да ја одбрани сопствената територија“, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната прес-конференција по средбата со нејзиниот украински колега Олексеј Резников во Киев.

„Ваков чин на брутална агресија и терор врз цивилно население, деца, жени, стари лица се незамисливи за која било цивилизација во 21-от век. Затоа од самиот почеток, Владата на Република Северна Македонија ја осуди руската агресија врз Украина, која е неоправдана и со ништо не е испровоцирана. Без двоумење застанавме на страната на правдата и човечкото достоинство, на страната на вистината“, рече Петровска.

Таа упати порака до украинското лидерство и украинскиот народ дека земјава силно ја осудува руската агресија врз Украина и даде полна поддршка за нејзиниот суверенитет и правото на самоодбрана.

„Ние бевме јасни и гласни од самиот почеток на агресијата, пред речиси точно една година, кога рековме ‘не’ на крвопролевањето, ‘не’ на уништувањето во 21 век. Мирот мора да биде вратен веднаш“, повика министерката.

- Реклама -