Мицкоски: Османи да им се извини на Македонците за болката што им ја нанесе

„Министерот за надворешни работи треба да води сметка дека тој ја добива својата месечна плата и овој би рекол луксузен живот кој што го води е од граѓаните во Македонија. И треба да ги штити интересите на граѓаните во Македонија, не да ги штити интересите на граѓаните во случајот на соседна Бугарија. И мислам дека треба малку поодговорно да се однесува кон чувствата на граѓаните на Македонија, тука пред сѐ мислам на чувствата на Македонците“, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Прилеп.

Според него, Османи треба им да се на Македонците „за болката која што им ја нанесе со неговото министерување и со начинот на кој што го води овој процес со источниот сосед“.

„И мислам дека ваквите изјави не само што не одат во прилог на релаксирање на и онака поларизираната состојба, а поларизирана е поради однесувањето на Владата и потпишувањето на оние егзибионистички калкулантски договори со кои што ние како Македонци губиме сѐ, а бугарската држава добива сѐ тоа што го бара. И затоа мислам дека во периодот кој што следи единственото нешто кое што на нему му преостанува е пред сѐ да се извини на неговите сограѓани Македонци, за болката која што им ја нанесе со неговото министерување и со начинот на кој што го води овој процес со нашиот источен сосед, и да даде поддршка на Македонците од таа страна на границата, во насока на тоа да тие културно се организираат и да можат да ги остваруваат своите права“, рече Мицкоски, потенцирајќи дека Османи не треба да биде против Македонците во Бугарија, што според него тој го прави со своите изјави, туку треба да ги поддржи во остварувањето на нивните права.

- Реклама -